Вебкафе

Тој е најозлогласениот убиец во историјата на САД според ФБИ

ФБИ го прогласи за најозлогласен убиец во историјата на САД Семјуел Литл, кој е осуден на три доживотни казни затвор, а во текот на три децении сеел страв низ повеќе американски држави и убил најмалку 93 жени.

Секое утро цели 48 дена, 79-годишниот Литл со бела брада го изнесувале од неговата ќелија во мала просторија за интервју, каде ги признавал своите злосторства. Во инвалидска количка, болен од дијабетес и срцеви заболувања, старецот детално ги опишал своите монструозни дела со помош на фотографска меморија.

Се сеќавал на имиња, лица, места и градови во кои грозоморно „дејствувал“ скоро половина деценија. Денес, по неколку недели испитувања и исто толку споредување на неговите тврдења додека се во тек полициски случаи, иследниците заклучија дека ова е еден од најлошите сериски убијци во историјата.

Самјуел Литл, Американец на издржување на три доживотни казни затвор, се изјасни за виновен за 93 убиства. Неговите жртви биле исклучиво жени, претежно црни жени, проститутки и зависнички од дрога. Таа група на луѓе кои се маргинализирани од општеството и не се приоритетни за полицијата. Ова е веројатно и една од причините што Литл успеа толку долго да бега од правдата.

И, можеби неговите убиства никогаш не би биле откриени, ако не беше шерфот од Тексас, Џејмс Холанд, кој успеал да добие признание од Литл.Тој е во затвор во Калифорнија од 2014 година за убиство на три жени. Сепак, веднаш штом се преселил во Тексас, тој ќе започне да го открива вистинското лице. Холанд се сомневал дека Литл е одговорен за исчезнувањето на проститутка во 1994 година, која беше пронајдена мртва по неколку месеци.

Малку е познато за личниот живот на Литл. Неговата мајка била „дама на ноќта“, како што ја опишал , и се верува дека тој е роден во ќелија за време на едно од многуте апсења на неговата мајка.

Го воспитала баба му, а единствено што го знаел е борба и опстанок. Тој е уапсен повеќе од 100 пати во текот на 50 години, главно за вооружен грабеж, киднапирање и силување. Започнал да убива во 1970-тите и продолжил до 2005 година. Истрага била покрената против него во 2012 година кога детективот Тим ​​Марсија и неговиот колега Мици Робертс ја поврзаа ДНК на Литл со две убиства во 1990 година во Лос Анџелес.

Кога бил осуден две години подоцна, тој се налутил затоа што бил нарекуван силувач затоа што тврди дека еректилната дисфункција го спречувала да го стори тоа. Тој наоѓал задоволство да ги дави своите жртви. Бил поранешен боксер, а пред да ги задави, брутално ги претепувал. Не жали за тоа што го сторил, туку ужива во вниманието што го добива.

Кога ги опишува жените што ги убил, тој ги нарекува плен . „Тие беа пропаднати и бездомници и влегоа директно во мојата пајажина“, рече Литл. Имајќи предвид дека има фотографска меморија, тој може да се сети на детали што се случиле пред неколку децении. Насликал многу свои жртви, што помогнало на полицијата да ги реши случаите. Пишувал и забелешки на секој цртеж, како што се „висока девојка на автопатот“, „девојка од стриптиз бар“, „лево во шумата“ или „Тој ме уби, но јас го сакам“.

Неговите описи се толку прецизни што може да се присети на бојата на карминот на жената што ја убил пред 10 години, дали носела вештачки заби, каква била кантата за ѓубре каде го фрлил телото.

Тој убил жени во 14 држави во САД, најмногу во Флорида и Калифорнија. Призна дека ги задавил повеќето жени во Мајами и Лос Анџелес, каде убил повеќе од 20. „Тој беше добар во тоа што го правеше, знаете. Убиваше и бегаше од градот. Затоа беше во можност толку долго да се крие “, рече Ранџер Холанд. За само една година, тие успеале да решат 50 отворени случаи, а полицијата објавила слики од жени насликани од Литл и ги повика сите кои знаат корисни информации за жртвите.

Advertisements
To Top