Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Славната пејачка легенда е уште една во низата познати ѕвезди од светот на шоубизнисот кои во пописот на свои наследници имаат вонбрачни деца со кои се откриваат нивните вонбрачни, швалерски авантури.
Синот на пејачот Том Џонс се снаоѓа спиејќи во центар за безодмници. Славниот татко никогаш не сакаше да го запознае проблематичното момче, дури ни кога ДНК тестот го докажа родителството.
Музичарот Џонатан Беркери има 29 години, бездомник е, а истовремено е и биолошки син на музичката легенда Том Џонс. Беркери никогаш не го запознал својот татко, а тврди дека би сакал да го запознае пред да биде предоцна.
Џонатан, инаку, живее во Њу Џерси, во прифатилиште за бездомници. Вели дека има среќа ако дојде до ќебе, бидејќи секоја ноќ таму живеат и спијат над 30 мажи. Беркери нема ниту свој стан, додека неговиот татко има милионски вреден имот. Том Џонс неодамна ја продаде вилата во Лос Анџелес чија цена изнесуваше неколку милиони долари.
Џонс не го призна јавно Џонатан како син, но своевремено, судот наредни ДНК анализа со која беше потврдено дека Том е татко на младиот музичар.
Во октомври, 1987 година, Џонс имал афера со манекенката Катерине Беркери, која потоа останала бремена. Ја повикал на концерт и вечера, а потоа завршиле во неговиот апартман. Набрзо потоа, Катерине му јавила на Том дека е бремена, но тој порачал дека таа треба да го направи она што мора. Манекенката, сепак, одлучила да го роди синот, а Џонс одбивал да го признае татковството.
Иако подоцна беше докажано дека Џонатан навистина му е син, Џонс не сакаше да се сретне со него. Сето ова и самиот го коментираше во 2008 година, говорејќи дека не планирал такво нешто.
„Да ми беше тоа во план, ќе направев многу повеќе од финансиско дело. Паднав на заведување“, заклучи славниот вокал.
Од друга страна, Том Џон има син Марк со својата покојна сопруга. Џонатан го нема запознаено ниту својот полубрат, иако и него го има контактирано. Том Џонс е познат по своите бројни швалерски неверства и љубовни авантури во текот на неговиот брак и целиот негов живот.