Тој е еден од најбогатите спортисти и има импресивен возен парк (фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Богатите спортисти често се фалат со своите скапи автомобили, но она што Флојд Мејведер го има во својата гаража е навистина импресивно.

Еден од најбогатите спортисти во светот едностано ужива во трошењето пари, а автомобилите му се опсесија.

Затоа тој уште еднаш одлучи да покаже каков возен парк поседува, па на Инстаграм постави фотографија од гаражата и напиша:

„Мојата гаража изгледа како затворена продавница со неколку играчи“.

Очигледно славниот боксер е љубител на Ролс Ројс, па ги има дури пет, а вкупната вредност на сите автомобили изнесува повеќе од пет милиони долари.