Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За разлика од первезно точните Јапонци кои ја цепат секундата, на пример, во оваа јужноамериканска земја луѓето имаат прилично поразлична, поопуштена перцепција на времето и точноста (поточно доцнењето). Жителите на бразилската метропола Рио де Жанеиро се познати по тоа што секогаш доцнат на договорено и закажано.
„Појавувањето навреме на забава се смета за непријатно во било кој дел од земјата, но особено во Рио де Жанерио. Тоа е исто како да се појавите на забава, а воопшто не сте биле поканети“ – објаснува д-р Жаклин Бон Донада, професорка по англиска литература на Технолошкиот федерален универзитет во јужниот дел на Бразил.
Комбинацијата од ставот „Животот е плажа“ и секојдневните одложувања предизвикани од сообраќајот или едноставното налетување на стар пријател на улица значи дека „Кариокас“ (локалните жители на Рио) научиле да не очекуваат ниту да ја ценат точноста во општеството. И најдобро поставените планови често не се реализираат онака како што би требало, така што би требало да претпоставите дека и самиот домаќин на забавата ќе доцни.
„Непишаното правило е дека домаќинот чека да дојде времето кога треба да започне забавата, па тогаш започнува да размислува за туширање“ – објаснува Фиона Рој, преведувачка, која шест години живеела во Рио.
Бразилско-португалскиот јазик има временски специфични зборови што немаат директни преводи во нашиот јазик. Глаголот „атрасар“ може да се преведи како „да доцни“ или „да предизвика задоцнување“ додека „деморар“ е глагол што во слободен превод значи „трае подолго време“. Лицето кое е „муито енроладо/а“ (буквално „многу заплеткан/а“), најверојатно ќе биде „деморар“ или „атрасар“.
Оние кои пристигнуваат навреме пак, се придржуваат кон „хора инглеса“, што во буквален превод значи „англиско време“ – што всушност е потенцирање на важноста на точноста во многу земји во кои се зборува англиски, како Велика Британија и Америка.
Друго нешто што треба да го знаете за оваа земја и точноста и доцнењето е да не ги сфаќате луѓето сериозно. Треба да знаете дека фразата „естој чегандо“ („Доаѓам“) никогаш не треба да се сфати сериозно. Оваа фраза едноставно важи дека некој планира да се појави во одреден момент – без разлика дали тоа се пет минути или два часа.
„Доцнењето е национална особина, но дефинитивно е поизразена во Рио отколку на друго место. Во Рио, ако некој рече „естој чегандо“, никој не го сфаќа ова сериозно. Порано имав шеф кој ќе ни се јавеше од дома велејќи дека е во сообраќаен метеж но наскоро ќе пристигне, но ние всушност можевме да слушнеме како се тушира. Во било која друга земја ова ќе ве изнервира, но во Рио е совршено прифатливо“ – вели Д-р Бон Донада.
Симон Фонсека Марек, Бразилка која сега живее во Германија, признава дека ѝ било потребно време да се прилагоди на помалку флексибилните работни распореди на Германците.
„Еднаш пристигнав неколку минути порано за презентација во една компанија каде што штотуку започнав да работам. Имаше околу 20 луѓе кои ме чекаа мене. Иако не доцнев, се чувствував како да доцнам бидејќи сите беа подготвени и чекаа часовникот да го покаже договореното време“ – раскажува таа.
„Мислам дека доцниме бидејќи сме оптимисти. Мислиме дека можеме да направиме многу работи и пак да имаме време да стигниме на состаноците – а ако не стигниме, и тоа е во ред за нас“ – вели Фонсека Марек.
Извор: Факултети