Тоблероне го враќа стариот облик и тежина, но по ненормална цена


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тоблероне се враќа на својот традиционален облик откако беше одлуката да се зголеми растојанието меѓу чоколадните триаголници и да се покачи цената предизвика револт кај купувачите и верните обожаватели на ова чоколадо.

Фамозниот чоколаден производ во 2016 година, од почетните 170 грама, ја намали тежината на 150 грама, а промената ја оправдаа како обид цената на чоколадото да остане иста.

На „чокољупците“ новата форма не им се допадна, па новото Тоблероне го споредуваа со држачи за велосипеди. Поради тоа, компанијата Mondelez одлучи да го врати стариот облик и да додаде 3 насто тежина на чоколадото, но тоа би можело да резултира со 200 насто поскапа цена, пренесува The Guardian.

Еден од упатените извори вели дека препорачаната цена на „старо-новото“ чоколадо е 3,09 фунти (околу 220 денари), но супермаркетите на акција би можеле да го продаваат за две или две и пол фунти (околу 140 до 170 денари). Тоа, како што вели изворот, е удар врз џебот од потрошувачите.

Во времето на промени на формата на чоколадото во 2016 година, претседателот на северноевропскиот дел на Mondelez, Глен Катон, изјави дека поголемото растојание меѓу триаголниците е само привремено решение, бидејќи стариот облик стана препознатлив белег на чоколадото.

„Ние редовно ја анализираме својата понуда за да бидеме сигурни дека го нудиме најквалитетното швајцарско чоколадо во формат каков што нашите купувачи го обожаваат. Тоблероне од 150 грама веќе не се произведува и неговата достапност сега зависи само од залихите кои ги имаат маркетите. Чоколадите од 100 и 360 грама и понатаму ќе бидат достапни“, изјави портпаролот на Mondelez.