Тоа што прво го забележувате кај мажите открива каква жена сте!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Секоја жена има свој тип на маж, а тоа што прво забележува на него, всушност зборува за неа самата.

Секоја жена има нешто специфично што и е многу важно мажот да го поседува, па тоа дали прво забележувате очи, усни, гради…всушност открива каква жена сте.

Очи
Жените кои прво ги забележуваат очите кај мажите го менуваат расположението. Во состојба се да бидат весели, па потоа тажни, па повторно весели. Во суштина се топли личности, но и неповерливи. Бараат некој кој што ќе ги мази и пази. Кога ќе го пронајдат вистинскиот знаат да му бидат вистинска поддршка во се.

Усни
Прилично сте чувствително, иако можеби делувате ладно. Уживате во сите радости на животот и љубовта за вас е многу важна. Барате некој кој заедно со вас ќе ужива во сиет можни задоволства. Тој мора да биде топол и нежен и целосно приврзан за вас. Прилично сте посесивни и љубоморни, освен кога сте целосно сигурни во вашиот партнер.

Нос
Вие сте силна, енергична и одлучна жена, која храбро чекори низ животот. Имате толку многу енергија за да раздвижите се околу себе. Потребен ви е рамноправен партнер кој ќе ве почитува. Подобро ви е да бидете сами, отколку со маж кој не може да ви парира.

Брада
Вие сте голем оптимист. Имате широки интереси и гаите големи соништа. Авантурист сте, сакате да ризикувате и да влегувате во ризични финансиски трансакции. Сакате да патувате и да запознавате нови земји. Во љубовта сте романтична и страствена и брзо се заљубувате.

Рамена
Вие сте одговорна личност која често мора да носи одлуки наместо други. Од вас најверојатно зависат многу луѓе, па се трудите секогаш да бидете стабилни. Во длабочината на душата сте нежни и чувствителни, па затоа сакате да најдете некој на кого ќе можете да се потпрете.

Грб
Лесно создавате голем круг на пријатели бидејќи сте комуникативна и друштвена личност. Сепак, само мал број од нив го заслужува вашето внимание. Сакате ред и правила, имате некои свои принципи кои другите мораат да ги почитуваат. Барате цврста врска и партнер кој секогаш ќе биде мирен и сталожен.

Гради
Делувате прилично слабо, но внтаре во вас се крие храбро срце. Имате силна енергија и голема сила. Кога сакате, сакате со цело срце без резерви. Барате маж кој ќе се грижи за вас и ќе прави да се чувствувате сигурно. За возврат ќе бидете вечно верна.