Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кралицата Елизабета Втора донесе тешка одлука нејзиното омилено куче од расата корги да се успие, бидејќи Холи беше стара и болна, пишува денеска „Дејли мејл.
Верниот придружник на кралицата, кој беше главен меѓу благородничките кучиња, ќе биде погребано на местото, кое кралицата може да го види од прозорецот на нејзината соба за сликање, а на гробното место ќе биде поставен и камен споменик, пишува „Дејли мејл“.
Извор близок до кралското семејство вели дека кралицата била мошне вознемирена, но и дека не можела да го гледа кучето како се мачи и оти знаела дека ја донела вистинската одлука.
Тринаесет годишната Холи се појави во познатиот скеч за Џемс Бонд на отворањето на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, заедно со кралицата.
Повеќе од седум децении кралицата беше опкружена со кучиња од оваа раса, а сега и остана само едно од нив, со име Волов, кој исто така има 13 години.