Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За време на карантинскиот период поради коронавирус пандемијата во 2020 година, во Русија, кога беше на сила режимот на самоизолација, 34-годишната Јулија Минина од Стари Оскол во Белгородската област, заедно со сопругот и двете деца, решаваат да си купат мачка за времето поминато дома да им биде позабавно и повесело.
„Никогаш досега не сме имале мачки. Ги прелистувавме огласите на блиската одгледувачница и сосем случајно видовме мало бело маче. Сите останати изгледаа некако обично, а тој беше единствениот во леглото. Веднаш се вљубив“, се присетува Јулија.
Кога дошла да го земе, веднаш се разочарала, бидејќи на фотографијата изгледал посимпатично.
„Никој не ни можеше да претпостави дека толку грдо маче ќе прерасне во бела тумба од крзно“, вели Минина.
Децата му го дале смешното име Кефир. На почетокот бил многу слаб, но на четири-пет години почнал да јаде сé што ќе стигне и постојано си играл со семејството.
View this post on Instagram
Кога имал девет месеци, туфките на ушите и опашот му станале двојно подолги, а на една година Кефир станал трипати поголем. Сега има една година и десет месеци и тежи 12,5 килограми.
„Според карактерот е како човек. Многу е паметен. Дури и кога вечераме седи со нас на маса, има свое столче, па ни прави друштво“, вели Минина за својот бел мачор.
Мејн Куните ретко мјаукаат, така што нивниот мачор понекогаш „преде сосем тивко“.
View this post on Instagram
„Исто така е навикнат да ми спие на градите. Кога беше маче, тоа беше во ред. Но, сега, кога ноќе на гради ми легнуваат 12,5 килограми… само едноставно морам да го избркам“, објаснува газдарицата.
Џулија не разбира зошто нејзиниот мачор е толку популарен. Двапати го фотографираше за својот „Инстаграм“ и фотографијата брзо се појави во руските и странските медиуми и форуми, вклучувајќи го и „Редит“. Фотографијата со Кефир собра 18 илјади лајкови и десетици коментари на „Редит“. Едни претпоставуваат дека газдарицата намерно се обидела да направи мачорот да изгледа поголем со помош на специјален објектив и оптичка илузија, додека други го коментираа неговиот намуртен израз.
View this post on Instagram
„Тоа е сибирски рис. Јаде недостојни луѓе и пие само вотка“, „И не изгледа многу среќен. Изгледа како да дошол по вотка и недостојни души и дека му снемало вотка“, пишуваат странците во коментарите.
Според Јулија, повеќето руски и странски обожаватели на Кефир не веруваат дека мачорот навистина постои и прашуваат да не е во прашање монтажа.
„Многумина истом така сакаат да го купат „Кефир“, но тоа би било страшно. Тој е член на семејството. Нема да го дадеме под ниеден услов, само почесто ќе го фотографираме“, вели Минина.
Извор: Русија Бијонд на македонски јазик