Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Изгледа дека трансформацијата на олимпиецот Брус Џенер во Кејтлин конечно е завршена. Во нејзината книга „The Secrets of My Life“ Кејтлин откри дека во јануари се подложила на операција за промена на полот.
-Операцијата помина одлично. Не сум само среќна, туку и слободна, вели Џенер и додава дека конечно е комплетна.
Таблоидите долго време пишуваа за нејзината трансформација од маж во жена и се обидуваа да одгатнат дали го отстранила половиот орган.
-Тогаш си реков: Зошто да не го отстранам? Па, тоа е само пенис. Нема ништо посебно околу него, освен тоа што лесно можеш да извршиш нужда кога си во шума, пишува Џенер.
Брус Џенер со години се обидуваше да го сокрие фактот дека се чувствува како жена. Сепак, по разводот со Крис, нештата започнаа да се одвиваат во друга насока и тој конечно реши и јавно да признае дека планира да се трансформира во жена.