Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Филипе Кутињо во јануари за 160 милиони евра го напушти Ливерпул и се пресели во Барселона, но „црвените“ не ја заборавија така лесно својата поранешна ѕвезда.
Имено, Бразилецот секако ќе добие медал после утрешното финале во Лига на шампиони, само прашање е дали ќе биде златен или сребрен.
Кутињо веќе играше за Ливерпил оваа сезона во Лига на шампиони, па на „Енфилд“ сметаат дека е во ред и нему да му се додели медал, бидејќи имаше свој допринос во групната фаза.
Инаку, победникот во ЛШ добива од УЕФА 40 медали да ги подели за фудбалерите и стручниот штаб, а поразениот тим добива 30 сребрени медали.
Каков медал ќе добие Кутињо ќе видиме утре по завршувањето на финалето.