Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јужноамериканскиот гигант Бока Јуниорс ја прослави 32-та титула првак на Аргентина, но она што се случуваше на последниот меч од првенството против тимот на Унион, ќе се прераскажува со години.
Имено, пред самиот крај на натпреварот навивањето на публиката станало толку бучно, што судијата морал на кратко да го прекине мечот додека бучавата малку не се намали.
Сигурно врз нивото на бучава влијаеше и тоа што „Бомбониера“ е еден од најакустичните стадиони на светот, а кога на сето тоа ќе се додаде и страста и темпераментот на аргентинските навивачи, се доби незаборавен звучен ефект.