Тмурен и сив петок


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бранот врнежи од четврток навечер ќе продолжи во петок рано наутро со тоа што ќе се преместува од северната половина на земјата кон југ. Претпладне врнежите ќе бида уште малку застапени во јужната половина од земјата, а потоа ќе престанат. Попладне облачноста значително ќе се намали.

Котлините очекуваат максимална температура која ќе има вредност помеѓу 14°С и 18°С, на југот на повардарие до 19°С, а на повисоките места околу 10°С.

Скопскиот регион очекува облачно претпладне, со тоа што врнежите ќе престанат уште во утринските часови, а попладне облачноста прилично ќе се намали.
Температурата нема да намине 15°С.