Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За да биде видена, светлината од објектите треба да стигне до нашите очи, а оние кои се далеку не рефлектираат доволно светлина назад кон нас а да ги видиме.
Сочивото на објективот на традиционалните телескопи собира најмногу светлина што може, и ја фокусира на фокусната точка во внатрешноста на телескопот. Потоа сочивото низ кое се набљудува ја зголемува светлината од фокусната точка, што креира слика во мрежницата на личноста која што гледа низ него.
Но, сочивата не се комплетно решение за проблемот кој произлегува од тоа што разни типови на светлина се превиткуваат под различни агли и се фокусираат на различни точки. Рефлектирачките телескопи работат на решавање на овој проблем со користење на закривени огледала кои ја собираат рефлексијата од светлината, и се значително поевтини за изработка и изградба, а можат да гледаат длабоко во вселената.
Радио брановите, пак, се специјален тип на светлина невидлива за човечкото око, а радио телескопите мораат да имаат огромни антени (кои функционираат како примарните огледала на „обичните“ телескопи) за да се справат со долгите бранови должини на радио брановите.
Интернационален конзорциум кој ги вклучува Канада, Кина, Индија, Јапонија, и САД, работи на изградба на TMT (Thirty Meter Teleskope/ Телескоп од 30 метри) чија цена изнесува околу 1.5 билиони долари. Неговото примарно огледало има дијаметар од 30 метри, составено од 492 шестоаголници, секој од нив со дијаметар од 1.4м. Кога ТМТ ќе биде готов, ќе може да собира 10 пати повеќе светлина од Кек Телескопот, и 144 пати повеќе од Вселенскиот Телескоп Хабл.
ТМТ ќе биде опремен да ги истражува најинтересните прашања во космологијата и астрономијата, тука вклучувајќи ги:
– Природата на темната материја
– Формирањето на галаксиите и природата на раните галаксии
– Раѓањето и зачетокот на планетите и ѕвездите
– Физиката на неутронските ѕвезди и другите екстремни вселенски објекти
– Егзопланетите
– Супер-масивните црни дупки и
– Суперновите и гама зраците
Супер-телескопите од иднината (како ТМТ) ќе го унапредат нашето разбирање на универзумот, и ќе ни помогнат при пронаоѓањето на живот на други планети, и решавањето како да ја колонизираме вселената.