Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Денес ќе продолжи разврската на Светското првенство во третото коло, а пред нас се нови четири дуели.
Во групата Ф не чека интересен ден, три репрезентации се борат за следната фаза. Хрватска, Мароко и Белгија. Хрватите се лидери на табелата со четири бода колку што има и Мароко, Белгија има бод помалку.
Мароко се очекува да ја оправда фаворитската улога против „отпишаната“ Канада и така да си го обезбеди пласманот во осминафиналето. Хрватска и Белгија ќе решаваат меѓу себе со тоа што на Хрватите им е доволен и бод. Овие натпревари се играат во терминот од 16:00 часот.
Во вечерниот термин следуваат натпреварите од Групата Е. Таму Шпаниај од лидерската позиција ја пречекува Јапанија, додека во вториот дуел се среќаваат Костарика и Германија. Сите четири репрезентации имаа шанса за следна фаза. Шпанија има четири бода, Јапонија и Костарика по три, а Германија еден.
Пред овие натпревари слушнете од „ТЈ“ за германскиот херој од минатиот натпревар во дербито со Шпанија, но тука се и неговите очекувања за денешните дуели.