TJ: Хрватска против “лудите“ јапонци


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денес на Светското првенство не очекуваат нови два натпревари од осминафиналето. Досега осминафиналните натпревари поминуваат без изненадувања и во сите четири натпревари славеа фаворитите, денес се среќаваат Јапнија – Хрватска и Бразил – Јужна Кореја.

Јапонија досега победи две големи селекции, Германија и Шпанија, но и изгуби од Костарика. И против Германија и против Шпанија Јапонците славеа со пресврт во второто полувреме и многу мал посед на топка (17.7% против Шпанија и 26% против Германија).

Хрватска од друга страна играше променливо. На Канада и даде четири гола во второто коло, но ремизираше двапати по 0:0 со Мароко и Белгија. Сите добро се сеќаваме што се промаши Лукаку во тој натпревар кој ако Хрватите го загубеа немаше да бидат тука. За тоа Јапонија гледа шанса за победа.

Ситуацијата во вториот натпревар е поинаква, Бразил беше сигурен во првите две кола и си дозволи пораз во комбиниран состав од Камерун во третото коло. Елиминација на Бразил од Јужна Кореја би била една од најголемите сензации направени на последните Мундијали, а во земјката на „Кариоките“ сигурно тоа би било еднакво на катастрофа.

Секако дека и за овие натпревари го имаме „ТЈ“ кој не потсети на некои детали од претходните натпревари на овие репрезентации и ги најави овие дуели.