Тивко и без нервози, Холандија си го смени името


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Холандските власти донесоа одлука за укинување на државното име Холандија (Holland). Отсега, според новата одлука, државата ќе се вика Нидерландс (Netherland).

Одлуката да се отфрли Холандија од употреба е донесена со цел промена на имиџот на таа земја. Министерстватата, универзитетите, амбасадите и компаниите од овој месец ќе го користат името Нидерланд.

Властите се надеваат дека оваа промена ќе привлече повеќе туристи во другите делови на земјата бидејќи главниот град Амстердам, како и Харлем и Хаг, не се во состојба да се справат со големиот број туристи. Исто така, се верува дека мерката ќе овозможи земјата да се ослободи од својот имиџ за дрога и проституција.

Земјата има 12 провинции, од кои само две во својот назив го содржат зборот Холандија.

Официјалното име на земјата е Кралството Нидерланд, а зборот Нидерланд е составен од зборот neder, што во германските јазици значи „ниско“, и land, што значи „земја“. Буквален превод на официјалното име на оваа земја ќе биде Кралство на Ниските Земји.

Меѓу првите употреби на Нидерланд во поголема промотивна кампања ќе биде на натпреварот за песна на Евровизија во 2020 година, чиј домаќин ќе биде Ротердам. Нидерланд исто така ќе се користи на сите материјали поврзани со Олимписките игри во 2020 година во Токио.