„Тивкиот“ погром на српската мафија: Нарачани убиства на српското подземје во Јоханесбург


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Осум членови на српското подземје, на кои јужноафриканскиот Јоханесбург се знае дека им е омилена дестинација, беа ликвидирани во споменатиот град, а нивните ликвидации се поврзуваат со смртта на Жељко Ражњатовиќ-Аркан. Според одредени медиумски пишувања, ликвидациите наводно ги нарачува чешки бос.

44-годишниот Ѓорѓе Михаљевиќ (погоре) бил ликвидиран од две лица на мотор, додека на семафор чекал во своето Порше. Според српските медиуми, убиениот бил истакнат член на заедницата, познат по трговија на злато и дијаманти. Михаљевиќ е трет убиен Србин во Јоханесбург за краток временски период.

Го егзекутирале белци, кои избегале во непознат правец. Во април годинава е убиен Милан Ѓуричиќ Мики , соучесник во убиството на Жељко Ражњатовиќ Аркан. За убиството на Аркан во 2006 се осудени три лица , меѓу кои и Мики.

Милан Ѓуричиќ Мики (десно) и Добросав Гавриќ (лево)

Првоосудениот во 2012 е уапсен во Јоханесбур , како возач на јужноафрикански мафијаш и се бори да не излезе од затвор за да не биде ликвидиран. Во мај годинава, еден месец по убиството на Ѓуричиќ исто во Јоханесбург е ликвидиран Горгије Дармановиќ Горг, а во јули е убиен во истиот град и Дарко Кулиќ, за кого се сомнева дека имал информации кој ги убил другите двајца.

Гавриќ

Овие убиства му се припишуваат на чешкиот шеф на мафијата Радован Крејчир. Тој бил близок со убиените, но наскоро по негова наредба бил киднапиран таткото на Ѓорѓе Михаљевиќ, од Херцег Нови однесен во Јоханесбург и тешко измачуван по што починал .

Полицијата во куќата на чешкиот бос го нашла спискот за ликвидација на Срби, како и имињата на тројца српски државјани најмени за да ги извршат убиствата.