Титулата останува во Минхен: Баерн старо-нов фудбалски господар на Германија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тимот на Баерн Минхен по 27. пат во историјата и 5. пат по ред е шампион на Германија откако денеска и теоретски ја потврди титулата славејќи на гостувањето кај Вофлзбург со 0-6.

На три кола пред крајот на првенството Баварците се издвоија на 10 поени предност, откако второпласираниот Лајпциг денеска одигра 0-0 со Инглоштад.

Давид Алаба, Арјен Робен, Томас Милер, Јошуа Кимих и два пати Роберт Левандовски беа прецизни за Баерн Минхен на денешниот натпревар.

Ова 31. коло завршува утре со дуелите Хофенхајм – Ајнтрахт и Аугсбург – Хамбург.

Табела: Баерн Минхен 73 бодови, Лајпциг 63, Борусија Дортмунд 57, Хофенхајм 55 (-1 натпревар), Херта 46, Вердер 44, Фрајбург 44