„Титаник“ повторно во суд: Адвокатите од Груевски прават обиди да спречат објавување на „бомби“ за случајот


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


На денешното рочиште во рамки на случајот „Титаник“ кој Специјалното јавно обвинителство го води против 21 обвинето лице, во судницата треба да бидатт преслушани над 1000 бомби како дел од доказната постапка, пренесува Макфакс.

На почетокот на главната расправа, еден од шесте адвокати на Никола Груевски, Еленко Миланов, рече дека бомбите не се доказ кој е предаден до судот во оригинал, туку биле преснимувани. Тој го побара и записникот за предавање на бомбите од СДСМ на СЈО за периодот од 2008 до 2015 година.

Адвокатката Сања Алексиќ го побара и документот со кој СЈО ги побарало бомбите од СДСМ. Таа рече дека имало во јавноста различни изјави за постоење на записник за примопредавање на бомбите. Алексиќ рече и дека дел од бомбите биле објавени пред да бидат изведени како доказ во судот.

Адвокатот Боро Тасевски, кој исто така е дел од адвокатскиот тим кој го брани Груевски, рече дека правото на адвокатите да формираат ефективна одбрана не може целосно да го искористат без да им бидат достапни сите посочени докази.