Актуелно

ТИРАНСКА ПЛАТФОРМА? Ахмети сега побара албански јазик и за надворешна употреба!

Во интервју за порталот Пост.мк, лидерот на ДУИ, Али Ахмети навести и ново барање: албански јазик за меѓународна употреба, со самото тоа и смена на Уставот, пишува Фокус.

Тој вели дека законот е плод на компромис, но во иднина токму употребата на албанскиот јазик во меѓународна употреба е прашање кое очекува да се отвори.

-Охридскиот договор. Што се однесува на јазикот, на пример, во меѓународната комуникација, албанскиот јазик е дискриминиран Зошо албанскиот јазик да не се смета за еднаков и во меѓународната комуникација? Зошто албанскиот јазик да се забранува надвор од границите на Република Македонија? Но ова се прашања кои можат да бидат отворени и да се разговара за нив, вели Ахмети.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top