Типов мобилниот телефон го брани со својот живот (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вуди и Клајни се Инстаграм ѕвезди кои популарноста ја стекнаа со тоа што едниот на другиот нон-стоп му прави местенки со мобилниот телефон, па другиот мора постојано да го спасува „гаџетот“ од оштетување и уништување.

Во психологијата на човекот е да ги брани нештата кои му се важни. Една студија покажа дека младите помеѓу 15 и 24 години во просек дневно поминуваат по 168 минути на мобилен телефон. За да бидат во тек со времето, производителите на мобилни телефони пласираат производи кои вредат и по 1.000 евра. Кога овие податоци ќе се вкрстат, испаѓа дека човештвото побрзо ќе скокне да ги спасува телефоните отколку било што друго.