Типов има три луксузни Bugatti во гаражата и си има свое логично објаснување за тоа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Агентот за недвижнини Мани Кошбин во моментов поседува над 200.000 квадратни метри недвижнини во шест држави во САД. Но, она што го прави интересен за медиумите и јавноста не е големиот имот кој го поседува, туку трите луксузни модели на Bugatti кои ги има во својата гаража.

Еден од најпознатите американски клиенти на Bugatti ја опреми својата гаража со три Bugatti, сите три уникатни. Прв на списокот е Вејрон, но во преработка на Менсори. Целосното име на автомобилот е Bugatti Veyron Mansory Linea Vincero d’Oro, автомобил од 2008 година со впечатлива карбонска надворешност украсен со злато. Тој го купил пред неколку години и решил да го задржи. Прилагодувањето на Mansory чини дополнителни милиони долари за да ја надмине еквивалентната цена на основниот Veyron.

Вториот е Veyron Grand Sport Vitesse во преработка на „ Rembrandt “. Постојат три примероци во светот, а овој е единствениот во Америка.

Конечно, тука е Chiron, но во верзијата „Hermes Edition “, за чија испорака се чека цели три години.

И, конечно, за причината за поседување на трите слични автомобили, Хошбин вели дека ги гледа автомобилите на Bugatti како симбол за успех.