Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кога најмалку имате на ум и намера да направите фотка идентична со моментално сè уште најпопуларното „меме“ на социјалните мрежи, тогаш таа ситуација и кадар испаѓа најоригинален.
Кога Тришна Пема нејзината сестра ја фотографирала во Венеција, на фотката тие две веднаш забележале дека ненамерно го „оживеале“ најпопуларното „меме“ од социјалните мрежи. На фотката се гледа како Тришна како ужива јадејќи сладолед, додека покрај неа минува еден пар кој се држи за рака, а типот се врти и ја „мерка“ Тришна, додека неговата девојка го гледа него како го прави тоа.
И токму како на оригиналот, неговата девојка не е баш среќна поради љубопитниот поглед на нејзиниот дечко.
Yall my friend was just tryna take a pic with her ice cream but something about it looked too familiar sdjkjjsj ?? pic.twitter.com/RRoe8B2IZ9
— Amahle (@pjmboothang) July 7, 2018
„Само набрзина направи неколку фотки на кои сум јас. Подоцна, кога ги гледавме, сфативме дека зад мене има љубовен пар. Веднаш ја забележавме сличноста меѓу нашата фотка и онаа со популарното меме“, изјави Тришна, која доаѓа од Јужноафриканската Република.