Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Типографот и графички дизајнер Ласко Џуровски го работи проектот фокусиран на дигитализација на ракописот и изработка на фонт со 24 мали кирилични букви врз основа на оригинални документи напишани од македонскиот книжевник Кочо Рацин.
„Се обидувам максимално да ја задржам автентичноста на неговиот ракопис, се разбира, со мали модификации неопходни за негова употреба во нашава, дигитална сегашност“, соопшти тој.
Џуровски на својот Фејсбук сподели пример од процесот на работа. На сликата лево е оригиналниот ракопис на Рацин, напишан во неговиот бележник, најверојатно со молив, а десно од него е дигитализацијата на ракописот.
„Да го чуваме и надградуваме македонското културно наследство, да го запишеме во вечноста каде што никој не може да го избрише“, порачува Џуровски.
Тој се занимава со графички дизајн и типографија над 30 години. Автор е на бројни фонт фамилии. Џуровски неодамна работеше и на кириличен фонт за лицата со дислексија „DyslexicFZF“.