Тинејџерка беше премиерка на Финска на еден ден


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во рамки на иницијативата за промовирање на правата на девојчињата во Финска, финската премиерка Сана Марин вчера беше „ослободен од обврските“ кои го носи премиерската функција, бидејќи претпладне симболично на еден ден својата должност на девојче од 16 години во рамки на промовирањето на правата на девојчињата.

Тинејџерката Ава Мурто вчера на скалите на парламентот по средбата со министерот за правда на новинарите им кажа дека поминува „возбудлив ден“ во текот на кој научила „нови нешта за законодавството“.

Ава Мурто, родум од едно гратче на југот на Финска, одржа говор на група пратеници и разговараше со министерот за развој и надворешна трговија.

Таа за Франс прес кажа дека нејзината порака е јасна: „Девојчињата треба подобро да сфатат колку се важни, и дека се подеднакво добри како и момчињата во областа на технологијата“.

Мурто е средношколка која активно води кампања за климатските и прашањата за човековите права, сака да зборува и за силата на младите за иновации: „Мислам дека младите луѓе би можеле да ги научат возрасните да бидат поиновативни и повеќе да размислуваат за иднината“.

На прашањето дали би сакала да стане премиерка, таа одговори дека тоа не го одолучува таа, „но зошто да не?!“

Отстапувањето на местото премиер на девојчиња е дел од светската кампања „Девојчињата преземаат“ (Girls Takeover), на добротворната организација План интернешнал за девојчињата да се мотивираат кон дигиталните вештини и можностите во технолошката индустрија, а се сака да се укаже и на проблемот на злоставувањето на жените на интернет.