Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еминентниот спортски весник „Екип“ го избра својот идеален тим за 2018 година, но истиот предизвика многу контроверзи.
Најмногу претставници има победникот од Лигата на шампиони, Реал Мадрид – Рафаел Варан, Марсело, Лука Модриќ и Кристиано Роналдо, кој беше дел од тимот до летото.
Интересно, во тимот ги нема светскиот шампион со Франција, Антоан Гризман и најдобриот фудбалер од Премиер лигата, Мохамед Салах. Во тимот го нема и Нејмар, со објаснување дека во пролетниот дел од сезоната бил повреден.
Идеалниот тим на „Екип“.
Голман: Јан Облак (Атлетико Мадрид)
Одбрана: Александер Арнолд (Ливерпул), Варан (Реал М.), Ван Дајк (Ливерпул), Марсело (Реал М.)
Среден ред: Канте (Челзи), Модриќ (Реал М.), Еден Азар (Челзи)
Напад: Мбапе (ПСЖ), Роналдо (Реал/Јувентус) и Лионел Меси (Барселона).