Тимошенко најави кандидатура за претседател на Украина


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бившата украинска премиерка, Јулија Тимошенко, најави дека ќе се кандидира за претседател на Украина на претседателските избори кои ќе се одржат следната пролет, во 2019 година.

Тимошенко која служеше два премиерски мандати од 2005 до 2010 година најави дека ќе ја води својата кампања под слоганот „нов правец за Украина“.

Станува збор за трет обид на 57 годишната поранешна премиерка да ја добие претседателската функција.