Тимоние пред Националниот совет за евроинтеграции ќе го образложува францускиот „нон-пејпр“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најавениот нов пристап кон проширувањето на Европската Унија – идеи и предизвици, ќе биде тема на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции. На неа се очекува свое обраќање да има и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

Членови на Националниот совет за евроинтеграции се пратеници, заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, претставници од кабинетот на претседателот и на премиерот, на МАНУ, ЗЕЛС и од Здружението на новинарите.