Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Канадскиот премиер Џастин Трудо се најде во медиумски скандал со расистички контекст откако магазинот Time објави фотографија на која Трудо е маскиран како Аладин, а лицето му е обоено црно за да изгледа како црнец. Но, се испостави дека Трудо како црнец се имал маскирано уште најмалку два пати.
Трудо, откако се извини за првиот откриен случај на „блекфејс“, термин за маскирање на белци во лица со темна или црна боја на кожа, самиот призна дека тоа го направил уште еднаш.
Exclusive: Justin Trudeau wore brownface at 2001 ‘Arabian Nights’ party while he taught at a private school, Canada’s Liberal Party admits https://t.co/j3UobfYNIF
— TIME (@TIME) September 18, 2019
Се работи за натпревар на таленти во средното училиште Џин Бребеф, каде тогаш се школувал, и каде го обоил лицето во црно и ставил перика.
Фотографијата прво се проширила на социјалните мрежи, а Трудо дури подоцна признал дека навистина се маскирал како црнец. На натпреварот ја отпеал реге-песната Деј-О, популаризирана од афро-американскиот пејач и активист Хари Белафонте.
Потоа канадскиот портал Global News објави снимка од трет случај кого Трудо направил „блекфејс“.
Global News has obtained video showing Liberal Leader Justin Trudeau in blackface, the third instance of racist dress to come to light in 12 hours. Global’s @MercedesGlobal, who broke this story, has more. #cdnpoli #elxn43
Full story: https://t.co/dUE5YnP3p3 pic.twitter.com/cEPUGBhydG
— Globalnews.ca (@globalnews) September 19, 2019
Се работи за снимка, наводно снимена во 90-тите години во средно училиште каде Трудо бил ученик. На неа, Трудо се клешти пред камерата, кревајќи ги рацете, кои, како и неговото лице, се обоени во црно. И тука носи афро-перика на главата.
Ова значи дека во едвај 12 часа откако Time први ја објавија фотографијата, се откриени три вакви случаи. Во првиот случај е на забава одржана во 2001 година на тема „1001 ноќ“ во средното училиште Ванкувер во кое Трудо предавал како наставник. Трудо во тоа време имал 29 години. Фотографијата завршила во училишниот годишник, каде што Time и ја открил.
@JustinTrudeau in blackface at Jean Brebeuf high school. #cdnpoli #elxn43 #BreakingNews pic.twitter.com/q6v5bgYJvJ
— Robert Fife (@RobertFife) September 19, 2019
„Тогаш требаше да знам повеќе, но не знаев. Длабоко жалам за тоа што го направив. Го облеков костимот на Аладин и се нашминкав. Не требаше да го сторам тоа“, рече Трудо по објавувањето на првата фотографија.
Опозицијата веќе даде остри обвинувања на негова сметка. Лидерот на Конзервативната партија, кој речиси се изедначува со Трудо на предизборните анкети, рече дека „шминката е чин на отворен потсмев и расизам“ и дека Трудо е „некој со целосен недостаток на расудување и интегритет и некој кој не е подготвен да управува со оваа земја“.
Инаку, Канада ја очекуваат парламентарни избори за пет недели, а овој скандал може добро да му наштети на прогресивниот имиџ на Трудо. Некои канадски медиуми, како Торонто сан, веќе го осудија за лицемерие.
„Трудо нема да поднесе оставка поради ова, иако би барал од која било друга партија да го разреши секој кандидат фатен во иста ситуација“, напиша колумнистот на Торонто сан, Брајан Лили.
Политикологот Макс Камерон коментираше дека скандалот нанесол „удар во најмоќниот дел од неговиот оклоп“, бидејќи Трудо се брендира како бранител на мултикултурализмот и толеранцијата.