Home Наука и техонологија ТикТок го надмина Гугл во посетеност во 2021 година – прогласен за најпопуларен интернет домен

ТикТок го надмина Гугл во посетеност во 2021 година – прогласен за најпопуларен интернет домен

Според статистичките податоци од истражувањето на американската технолошка компанија Cloudflare, платформата за споделување кратки видеа ТикТок е најпосетуваниот интернет домен во 2021 година.

Популарниот сервис го надмина дури и Гугл, кој беше лидер во интернет сообраќајот во претходните години.

На листата на најпосетувани домени во изминатата година се најдоа и Фејсбук, Мајрософт и Епл.

Меѓу првите десет се сајтови и апликации како Амазон, Нетфликс, Јутјуб, Твитер и Ватсап.

ТикТок првично го презеде водството на 17 февруари, а од 10 август речиси секој ден е пред Гугл во однос на посетите.

Апликацијата ТикТок летово забележа над три милијарди преземања, нешто во што досега успеа само Фејсбук.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Наука и техонологија
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…