Тие се најбогатите жени на светот – еве што прават во животот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Одиме направо и без заобиколувања – со конкретни податоци и факти.

12. Шеика Мозах, Катар – 58 години, „тежи“ 10 милиони долари

Прекрасната Шеика Мозах Бит Насел Ал-Миснед е втората сопруга на емирот од Катар и мајка на седум деца. Не само што е социјално и политички активна, туку исто така, таа активно поддржува и научни и технолошки прогресивни програми во нејзината земја. Наградена е со неколку почесни докторати и прогласена е за „една од стилски најпрефинетите први дами во светот.

11. Иванка Трамп, САД – 35 години, „тежи“ 740 милиони долари

Иако највозрасната ќерка на Доналд Трамп може да смета на милионите и милијардите од нејзиниот татко за да живее безгрижен луксузен живот, таа одлучи да стане успешна самостојна бизнисменка. Поседува неколку компании, често ја има на ТВ, па дури и има напишано книга. И покрај нејзиниот набиен распоред, секогаш наоѓа време за семејството и за себеси лично.

10. Панси Хо, Кина – 54 години, „тежи“ 3,4 милијарди долари

Панси Хо е ќерка на Стенли Хо, милионерот познат како „Кралот на коцкањето“. Панси е најбогатата од вкупно 17-те деца наследници во семејството Хо. Сега, со оглед на фактот дека има повеќе пари од нејзиниот татко, тој сигурно се гордее со својата ќерка.

9. Маргарита Луи-Драјфус, Франција – 55 години, „тежи“ 5,3 милијарди долари

Маргарите Луи-Драјфус (родено Маргарита Богданова) е најбогатата руска бизнисменка на светот. После смртта на нејзиниот сопруг, таа стана претседател на Louis Dreyfus Group и сопственик на фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј. Се премажи и неодамна роди женски близначиња.

8. Кари Перодо, Сингапур – 66 години, „тежи“ 5,3 милијарди долари

Семејниот бизнис (една од најголемите приватни нафтени компании), после смртта на нејзиниот сопруг Хуберт Перодо, кој почина во 2006 година, го наследи Кари. сега компанијата ја води нејзиниот син, а Кари најмногу време поминува во хуманитарни активности. Има 66 години и изгледа одлично за нејзината возраст.

7. Шарлот Касираги, Монако – 31 година, „тежи“ 5,7 милијарди долари

Шарлот е осмо колено во аристократската лоза на од Монако. Внуката на Грејс Кели работи како новинарка и сето нејзино слободно време го посветува на јавањето коњи. Шарлот, очигледно, не го наследила само кралското богатство, туку и одличниот физички изглед од нејзината славна баба.

6. Кристи Волтон, САД – 58 години, „тежи“ 6,1 милијарда долари

Вдовицата од Џон Т. Волтон, син на основачот од Wal-Mart’s, своевремено беше прогласена за најбогатата жена на светот. Иако нејзината банковна сметка во меѓувреме ја намали својата атрактивност, таа сè уште е една од највлијателните филантропки.

5. Ирис Фонтбона, Чиле – 74 години, „тежи“ 13,7 милијарди долари

Ирис го наследи своето богатство од нејзиниот сопруг. Таа е најбогатата Чилеанка на светот и успешно го води семејниот бизнис. А за нејзини години изгледа апсолутно фантастично.

4. Лорен Пауел Џобс, САД – 53 години, „тежи“ 20 милиони долари

Вдовицата од основачот на Apple Inc., Стив Џобс, во последно време привлекува доста јавно внимание. Откако ги наследи акциите на нејзиниот сопруг во Apple, Лорен Пауел Џобс стана една од најбогатите жени на светот. Го води бизнисот и учествува во бројни грандиозни хуманитарни проекти.

3. Сузане Клатен, Германија – 55 години, „тежи“ 22,5 милијарди долари

Освен што е прв човек во фармацевтската компанија, Сузане Клатен, заедно со својот брат, поседуваат половина од акциите во BMW. Најбогатата жена во Германија успешно го води својот бизнис и слободното време го минува со семејството.

2. Алис Волтон, САД – 67 години, „тежи“ 38,7 милијарди долари

Уште една милионерка благодарение на Wal-Mart. Ќерката на Сем Волтон, основачот, е втора на нашата листа. Таа е огромна љубителка на уметноста и поседува нејзина приватна уметничка колекција.

1.Лилиен Бетенкорт, Франција – 94 години, „тежи“ 43,1 милијарда долари

И покрај нејзините години, кралицата на L’Oreal поседува хуманитарна фондација и сè уште работи екстремно посветено и напорно. Официјално, таа е најбогатата жена на светот, а како за 94-годишна возраст изгледа и повеќе од одлично.