И тие се џимрии: Комарците бираат кого касаат – не пијат сечија крв


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според некои здравствени експерти комарците имаа одредени „мети“ кои што ги преферираат за „касање“.

Како пожелни за комарците, ескпертите ги издвојуваат:

1. Бремени жени

Бремените жени издишуваат повеќе јаглероден диоксид, што пак ги привлекува комарците. Ова е загрижувачки податок, бидејќи вирусот Зика, кој што се пренесува преку комарците претставува сериозна опасност за вродени дефекти кај новороденчиња.

2. Вежбање

Доколку вежбате на отворено, сте „послатка“ мета на комарците, бидејќи нив ги привлекува млечната киселина која што се создава во мускулите.

3. Алкохол

Луѓето кои што имаат консумирано алкохол се често каснувани од комарци, бидејќи тој ја зголемува телесната температура што ги привлекува комарците.

4. Крвна група

Според одредени студии, луѓето со нулта крвна група имаат 83 отсто поголеми шанси да бидат каснати од комарци. Најнепожелни за комарците се луѓето со крвна група А.