Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Eye Cue се избрани да бидат македонски претставник на Евровизија, која ќе се одржи во Лисабон во мај.
Членовите на бендот Македонија ќе ја претстават со песната Lost and found (Изгубено и најдено). Автор на песната е Бојан Трајковски, а продукцијата е на Дарко Димитров.
По распишаниот јавен повик за песна која ќе ја претставува Македонија на Евровизија во португалската престолнина, на 10 февруари во просториите на МТВ се одржала селекција на пристигнатите песни.
Од пристигнатите 382 композиции на меѓународниот повик за Избор на песна за Евровизија, комисијата по пат на елиминација во три круга, на крајот селектирала 12 композиции. ;Секоја од композициите во последниот круг од страна на комисијата била рангирана и бодувана според евровизискиот принцип на гласање.
По пребројувањето на гласовите, осумчлената комисија одлучила дека „Lost and found“ има убедливо најголем број гласови и едногласно заклучила дека избраната композиција на евровизиската сцена најдобро ќе ја донесе групата „Ај кју“. Таа е матична група на авторот Бојан Трајковски со вокалистката Марија Ивановска.