„Thriller“ повеќе не е најпродаван албум во историјата на САД – еве кој го сруши


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фантастичниот „Thriller“ од кралот на поп музиката, Мајкл Џексон, веќе не е на врвот на листата со најпродавани музички албуми на сите времиња во САД, според податоците од американското дискографско здружение.

The Eagles: Their Greatest Hits 1971-75 е компилацијата од првите четири албуми на легендарните Eagles која со продаден тираж од 38 милиони примероци го симна од тронот „Thriller“ со 33 милиони продадени примероци.

Оваа плоча еднаш веќе беше на врвот од овој дискографски попис во 2009 година, кога „Thriller“ привремено ја симна од таму, откако се зголеми неговата продажба непосредно после смртта на Мајкл Џексон.

„Hotel California“, албумот на Eagles од 1976 година, со истоимениот хит сингл, е на трето место на листата со најпродавани албуми, со 26 милиони продадени примероци.

Новиот систем на рангирање вклучува физичка продажба на албумот, како и „стриминг“, кој претходно не беше вклучен во пресметките.

„Благодарни сме на своите семејства, нашите менаџери, нашиот тим, луѓето од радиостаниците и најмногу на верните обожаватели кои останаа со нас низ сите подеми и падови во текот на изминатите 46 години. Тоа беше возење за паметење“, изјави Дон Хенли (71), ко-основач на Eagles во изјава за Rolling Stone.

После смртта на пејачот Глен Фреј (67) во 2016 година, групата се реформираше, продолжи со турнеа веќе следната година и уште се активни.