Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Најбруталната преработка на камион со која е добиен ѕверот Thor24 го надминува сето она што досега е видено во овој контекст, а за да се добие овој суперкамион биле вложени дури 7 милиони долари.
Основата на овој џин е Peterbilt 359, камион од 1984 година, но првично проширен на 44 метри. Thor е долг 13,41 метри и е понуден на аукција во Саудиска Арабија.
Покрај изобилството на сјаен хром и алуминиум, има и ретро предна рамка и разгорени браници кои го надополнуваат изгледот. Се разбира, површините на камионите се украсени со соодветна графика.
Сепак, она што го издвојува овој камион од сè што е видено досега е погонскиот систем. Тој е составен од два дизел монструми со V12 кои испорачуваат над 4.000 коњски сили. И, тука лежи објаснувањето за толку многу цевки за довод на воздух и издувниот систем.
Развојот и надградбата е потпишан од Мајк Харах, кој работел на него седум години и потрошил над 7 милиони долари. Накусо, ова е најсилниот и најголем моторен погон досега вграден во едно возило дозволено на јавен сообраќај.
За вакво возило, потрошувачката е табу тема, како и неговата емисија на СО2.