Славни

The Rock и Вин Дизел најпосле се смирија – причината за кавгата беше чиста глупост

Двејн Џонсон, познат како The Rock, и Вин Дизел најпосле се смирија, а причината поради која се скараа на снимањето на сетот за „Брзи и бесни“ пред нешто повеќе од половина година беше чиста глупост, или поточно – суета и его.

Славните актери се искараа за некои сцени како и за времето поминато во кадар на екраните, а на „Карпата“ наводно му засметала и помалата минутажа во однос на Вин Дизел, пишува TMZ. Поради тоа, со месеци се однесуваа пасивно-агресивно и меѓусебно се прозиваа на Инстаграм за разни работи, но после неколку средби, ги „средиле“ односите меѓу  себе.

via GIPHY

Бидејќи филмот заработи еден куп пари, а и актерите се смирија, истиот извор тврди дека Двејн Џонсон 1000% е спремен за нови заеднички авантури.

Advertisements
To Top