The Irishman: Филмски хит во најава го здружува „гангстерскиот дрим тим“ од Холивуд


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Netflix ги откупи правата за новиот филмски гангстерски хит во најава, The Irishman, чија режија ја потпишува легендата Мартин Скорсезе.

Филмот ја раскажува приказанта за мафијашкиот убиец Френк Ширан, кој ќе го игра Роберт Де Ниро во неговиот деветти филм со Скорсезе. Ал Пачино се јавува во улогата на синдикалниот лидер Џими Хофа, а ова за него ќе биде прв филм со Скорсезе и трет со Де Ниро.

Скорсезе го ангажираше и Џо Пеши, 25 години откако тој го освои Оскарот за неговата улога во Goodfellas.   Харви Кејтел, уште една легенда на Холивуд, исто така ќе биде дел од актерскиот „дрим тим“. А во најава е и ангажманот на Боби Канвале, кој освои Emmy за неговата работа на Boardwalk Empire од Скорсезе.

Филмот веќе беше во предпродукција која Netflix се појави и си влезе во игра со нивната понуда. Базиран е на животната приказна од мафијашкиот убиец Френк Ширан, кој наводно, на својата смртна постела признал дека го убил својот добар пријател, Џими Хофа, синдикалниот лидер чие исчезнување остана еден од најмистериозните нерешени случаи во американската историја.