Advertisements
Музика

The Fall Of A Rebel Angel – ново студиско издание на Enigma

После повеќе од 25 години од издавањето на дебитантскиот албум MCMXC a.d. (1990), Enigma го претставија новото студиско издание насловено The Fall Of A Rebel Angel.

Овој нивни албум следува после Seven Lives Many Faces од 2008 година, а на него ќе бидат поместени 12 песни, меѓу кои и Diving, Agnus Dei, Confession Of The Mind и Sadeness (Part II), за која е достапен и видео спот.

На продукцијата на осмиот студиски албум на Enigma работеше Мајк Крету, музичар и продуцент, а зад текстовите е потпишан со Греми наградениот текстописец Мајкл Кунце, додека омотот за изданието го дизајнираше Волфганг Белтрахи.

Advertisements
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top