Тежок удар за Нутела од EFSA: Кремот е поопасен отколку што се мислеше


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако во извештајот на Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) е наведено дека една од состојките на Нутела е канцерогена, индустријата за производство на палмино масло е на удар во Европа.

Бидејќи токму палминото масло е состојката на која во Извештајот се предупредува, a италијански Фереро го употребува во производството на Нутела бидејќи и дава мазна текстура и го продолжува рокот на употреба.

EFSA наведува дека палминото масло е поопасно од било кое друго масло, а истиот заклучок неодамна го донесе и Светската здравствена организација.

Поради ваквиот „удар“, Фереро покрена голема телевизиска кампања со која сака да објасни дека палминото масло не е опасно и дека еден од најпознатите италијански брендови на Нутела без тоа масло не би бил истиот производ, пренесува светскиот The Telegraph.

Палминото масло е најевтино на пазарот и замената со други состојки во производството на Фереро би чинело помеѓу осум и 22 милиони долари годишно.

„Производот би изгубил на квалитет и тоа би бил голем чекор назад, рекол менаџерот на Фереро Винчензо Тапела и објаснил како тие во производството маслото го обработуваат на ниски температури под висок притисок.

EFSA oбјави дека палминото масло е најканцерогено од сите масла кога се загрева на температури повисоки од 200 целзиусови степени.

„Тој процес трае подолго и 20 посто е поскап од обработката на масло на висока температура. Палминото масло кое ние го употребуваме е безбедно бидјеќи доаѓа од свежо исцедени плодови“, наведува Фереро во својата ТВ реклама.