Тежок удар за Меркел: Не помина нејзиниот предлог за шеф на пратеничката група


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Канцеларката Ангела Меркел доживеа тежок неуспех и удар во рамки на изборот на шеф на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ бидејќи пратениците гласаа против нејзиниот предлог, пренесува Дојче Веле.

Пратениците на Христијанско демократската и на Христијанско социјалната унија, наспроти желбата на Ангела Меркел, вчера за нов шеф на нивната пратеничка група во Бундестагот го избраа досегашниот заменик-шеф, Ралф Бринкхаус.

50-годишниот експерт за финансиска и буџетска политика од ЦДУ, на тајното изјаснување доби повеќе гласови од кандидатот на канцеларката, Фолкер Каудер, кој се смета за нејзин човек од доверба. Меркел призна: „Ова е часот на демократијата, во која постојат и порази, тука нема што да се разубавува.“

Партијата на слободните демократи и Левицата ѝ препорачаа на Меркел како консеквенца да го постави во Бундестагот прашањето за своја доверба. Бринкхаус пак истакна дека тесно ќе соработува со канцеларката. Ангела Меркел исто така му искажа поддршка на Бринкхаус, таа се надева на успешна натамошна работа на пратеничката група на Унијата.

За Ралф Бринкхаус гласаа 125 пратеници, а за Каудер, кој на функцијата беше 13 години – 112 пратеници.