Тежок судир на четири возила на Партизанска, повредени шест лица


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шест лица се повредени во тешката сообраќајната несреќа што вчера утрото во четири часот се случила на крстосницата кај булеварите Партизански одреди и 8. Септември во Скопје.

Во сообраќајката учествуваа четири автомобили. Со тешки телесни телесни повреди се здобила сопатничка во едно од возилата.

Повредените биле пренесени на скопските клиники. Како што информираат од СВР Скопје, сообраќајката се случила меѓу патнички возило Ауди А6, Мерцедес, и Опел Астра со скопски регистарски таблички и возило Фиат Линеа со струшки регистарски ознаки.

Еден од автомобилите најверојатно со голема брзина поминал на црвено светло на семафор и удрил директно во друг автомобил.