Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Италијанскиот премиер Матео Ренци доживеа тежок пораз на референдумот за уставни промени, покажаа објавените прелиминарни неофицијални резултати. Ренци го призна поразот, кажа дека презема целосна одговорност и потоа поднесе оставка.
Планирам да дадам оставка. Ја преземам целосната одговорност за поразот, кажа Ренци на прес конференцијата во Рим, на која најави средба на својот кабинет и кажа дека денес ќе му ја предаде својата оставка на италијанскиот претседател Серџо Матарела.
Претседателот потоа ќе има обврска да посредува во формирањето нова влада, а доколку не може да се оствари тоа Италијанците ќе одат на избори.
Министерот за финансии Пјер Карло Падоан се смета за главен фаворит да го замени Ренци на местото претседател на Советот на министри, како што гласи официјалната титула на италијанскиот премиер.
Агенциите пренесуваат дека резултатот од референдумот ја носи Италија во нов период на политичка несигурност и економски потреси.
Прелиминарните резултати на институтот Пијеполи покажуваат дека против уставните промени и поголема власт на владата гласале меѓу 57 и 61 отсто од гласачите, додека за гласале меѓу 39 и 43 отсто. Според тие резултати Ренци доживеа поголем пораз отколку што покажуваа првите излезни анкети.
Откако Британците гласаа за излегување од Европската Унија и Американците го изгласаа Доналд Трамп за претседател, резултатот на референдумот во Италија се гледа како потенцијален „италијански брегзит“.