Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Џоана Воткинс (29) веќе една година живее затворена во својата соба, без зрак сонце и, што и најтешко ѝ паѓа, без друштво. Таа е алергична на сè, дури и на својот сопруг Скот.
Пред една година ѝ бил дијагностициран редок синдром на активирање на мастоцитите (МЦАС) – на белите крвни садови коишто го контролират нашиот имунитет. Таа состојба е толку ретка така што првиот случај е утврден дури пред девет години и сè уште не се знае многу за него.
Откако ѝ бил откриен синдромот, Џоана не излегува од својата соба којашто Скот ја претворил во „сигурна зона“ за неа. Ги затемнил прозорците бидејќи ѝ пречи светлината, па сè прекрил со пластика, бидејќи не поднесува ни прашина ни хемикалии. Во последно време ѝ пречи и мирисот на храната па оброците ги проготвуваат кај соседите. Поради чувствителноста на мирисите не може ниту сопругот да го прегрне, пишува Индепендент.
Единствени моменти кога ја напушта собата е кога оди кај лекарот. Скот тогаш Џоана ја носи во раце до автомобилот.
„Штом ќе се отвори влезната врата го чувствувам тоа. Телото почнува да се напаѓа само од себе. Како да е во војна самото со себе. Грлото автоматски ми се стегнува. Како да ме гуши Дарт Вејдер“ – раскажала Џоана.
Таа рекла дека тие излегувања само болно ја потсетуваат на она што го пропушта надвор – есента ја обожава, прекрасните дрвја, лисјата кои ја менуваат бојата, реалниот свет.
„Најмногу сепак ми недостасува друштвото. Да се чувствувам како да сум дел од нешто“ – рекла Џоана која не ја губи надежта дека лекарите ќе најдат решение и ќе и ги олесната страдањата.
Поради својата состојба ограничена и е храната којашто може да ја јаде. Скот секој ден неколку часа приготвува оброци само за Џоана која може да јаде само мелено јагнешно, говедско, краставици, а да пие само вода. Времето во својот „стерилен затвор“ го поминува на интернет и во молитва.