Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Бил Гејтс е еден од ретките кои „тежат“ над 100 милијарди долари, најпрестижната екипа милијардери во која пред него е само Џеф Безос, чие богатство се проценува на над трицифрена сума милијарди.
Според американските медиуми, Гејтс денеска е побогат за 9,5 милијарди долари од лани во истото време или за 24 милијарди побогат од пред пет години. Додаваат и доколку Гејтс дневно би трошел по милион долари , би му требале 245 години за да го потроши целото денешно богатство. Тој вели дека не сакал никогаш да биде потрошувач , но богатството го разгалило , па има приватен авион во кој може да се сместат 19 луѓе и чини 40 милиони долари.
Имот
За својот дом во Медина му требале седум години и 63 милиони доалри за да го уреди по свој вкус. Земјиштето го купил 1988 за два милиони долари , а денесак вреди 125 милиони. Во 2017 самоз а тоа земјиште палтил данок од над милион долари. Тој во куќата има уреди вредни над 150 000 долари , кои покажуваат различни фотографии на допир. Но има и вистински уметнички слики , како онаа на Винслоу Хомер , која во 1988 ја купил за 36 милиони долари.
View this post on Instagram
На имотот има и базен , сместен во посебен одддел и библиотека. Во неа е сместен ракописот на Леонардо да Винчи , кој Гејтс во 1994 го купил за 30 милиони долари. Во куќата има шест кујни и 24 бањи , како и гаражаз а 23 автомобили.
View this post on Instagram
Гејтс има и ранч на Флорида од 18 000 квадратни метри и на него има луксузна вила. Само за недвижности на тоа подрачје потрошил 27 милиони долари. Го купил имотот за да има каде да јава коњи неговата ќерка Џенифер.
Во Калифорнија има имот на 228 хектари , кој го купил за 18 милиони долари , а таму има патека за трки , овоштарник и пет штали за расни коњи.гејтс има и голем број недвижности како хотели било поединечни , како и половина од синџирот на хотели Four Season Holding. Во 2013 го купил , на пример клуксузниот Риц Карлтон во Сан Франциско , вреден 161 милиони долари. Тој сака и да патува, за што има и јахта вредна 5 милиони долари.
View this post on Instagram
Фондацијата
Но, Гејтс најмногу пари заедно со сопругата Мелинда трошат за хуманитарни цели. Има своја фондација , а донира и во истражување на лекови за разни болести.
Така во 2017 вложи 50 милиони долари во истражување на лек за Алцхајмеровата болест. Преку нивната фондација само во 2017 донирале 4,78 милијарди долари. Вели дека по смртта на своите три деца ќе им остави само по 10 милиони долари , зашто не сака да бидат мрзеливи.