Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Славниот холивудски актер Марк Валберг побара државна помош и субвенции за исплаќање на платите на вработените во неговиот лондонски ресторан, поради што наиде на револт и лути реакции од јавноста во Велика Британија.
Поради карантинот, затворен е и неговиот ресторан Валбургерс во Ковент Гарден, а 48-годишниот актер, за кого се проценува дека тежи 270 милиони евра, ги испратил вработените на одмор.
Заедно со него, сосопственици на ресторанот се неговите браќа Пол и Дони, а тие аплицирале за државна помош да ги исплатат платите на 30 работници.
„Одлуката на Марк да не ги плати самиот вработените, крена прашина, особено ако се земе предвид колку пари има. Персоналот се прашуваше дали тој ќе помогне да им ги исплати нивните плати, но тоа не се случи“, изјави извор за британскиот „The Sun“.
„Сите се среќни што се платени затоа што ова се тешки времиња. Но, во време кога другите sвезди им помагаат на вработените со свои пари, како Ед Ширан, ова изгледа лошо“, додаде изворот.
Тој додаде дека имало неколку планови да се отворат уште десет ресторани низ Велика Британија, поради пандемијата планот во моментот е во мирување.
View this post on Instagram
Портпаролот на Валбургер потврди дека побарале помош од владата.
„Ресторанската индустрија е особено погодена од влијанието на оваа пандемија. Секоја индивидуална франшиза на Wahlburgers мораше да одлучи дали да остане отворена или да ги затвори своите врати на неодредено време. Групата што е сопственик на Wahlburgers Covent Garden одлучи да користи државна помош за своите вработени во надеж дека ќе можеме да ги задржиме одличниот тим и локацијата во центарот на Лондон “, изјави тој за „Дејли Меил “.