Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Патаготитан мајорум е новиот најголем диносаурус којшто кога било одел по Земјата. Откриен е во Патагонија.
Ова суштество било долго 36 метри, со тежина меѓу 65 и 77 тона и се хренело со билки. Покрај него, Тирекс бил како мало дете.
Коските од диносаурусот што биле пронајдени укажуваат дека во моментот кога починал, тој бил уште во фаза на растење, што значи дека може да бил и поголем. Го дибил името Патаготитан мајорум зашто бил откриен во Патагонија и во чест на семејството на чија што фарма биле фосилните остатоци.
— AFP news agency (@AFP) August 10, 2017
Диносаурусот за прв пат е опишан во најновиот број на списанието „Proceedings of the Royal Society B: Biological Sciences“. Иако ова суштетсво било долго 36 метри, научниците, заради фрагменти од коските, уверени се дека имало и поголеми примероци од други видови.
„Мислам дека овој рекорд нема да остане засекогаш. Но, од диносаурусите што досега се препознати како видови, немаме ниту еден голем колку овој“, изјавил Диего Пол, коавтор на студијата.