Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Фантастичниот напаѓач Карлос Тевез во драматичен финиш на аргентинскиот шампионат за Бока Јуниорс ја донесе 34 титула шампион на Аргентина.
Популарната Бока го стори она што пред десетина дена личеше на невозможно, ја надокнади негативата од три бода во двете последни кола и пред лутиот ривал Ривер Плата стигна до шампионскиот пехар.
Во последното коло на домашен терен Бока со минимални но вредни 1-0 ја доби Химназија и по вториот кикс на Ривер стигна до трофејот.
Ривер Плата со ремијата против Дефенсон односно Атлетико Тукуман ја загуби титулата.
Тевез со голот во 20 минута го реши прашањето на победникот и на Бока и донесе уште една титула во Аргентина.Херојот на триумфот против Химназија, Тевез триумфот вреден шампионски трофеј го прослави со страствен бакнеж во уста со легендарниот Диего Марадона.