Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Министерот за финансии, Драган Тевдовски, по третпат стана татко. Неговата сопруга Анита на свет ја донесе третата ќерка во семејството. Драган и Анита имаат две ќерки, а од денеска тие добија уште една сестричка.
Третата ќерка го заокружува среќниот семеен круг на Анита и Драган, кои ги имаат Ема и Каја.
Тевдовски пред да стане министер, предаваше квантитативни методи во финансии и статистика за бизнис и економија на Економскиот факултет во Скопје. Многумина го знаат и како љубител на спортот, посебно кон трчањето кое и денес го практикува настапувајќи на градски и планински трки.
Неговата сопруга Анита во младоста беше дел од музичката сцена во Македонија. Таа беше дел од групата Ин.