Тетово како „Дивиот запад“: Познати идентитетите на тројцата повредени во престрелката


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По синоќешната оружена престрелка во Тетово, тројца повредени се наоѓаат во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Станува збор за 37-годишниот С.К., 36-годишниот С.К. и 49-годишниот М.А.

Првите двајца се примени со прострелни рани од пиштол во пределот на стомакот, а 49 годишниот М.А. имал рана од пиштол во пределот на главата.

Според портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, од местото на настанот пронајдени се пиштол марка „збројовка“ и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски таблички.