Тетоважи стари 5.000 години откриени на египетски мумии


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најстарите тетоважи на светот се откриени на египетски мумии стари дури 5.000 години, пренесуваат светските медиуми.

Тетоважи на див бик и берберска овца се пронајдени на надлактиците од машка мумија, додека на ремната и надлактиците од женска мумија се најдени тетовирани мотиви со буквата „S“.

Ова откритие, објавено во археолошкото списание Journal of Archeological Science, ги собори претходните докази дека првите тетоважи се направени пред 1.000 години во Африка. Исто така, надминато е убедувањето дека само во Египет се тетовирале само жените и тоа во 3100 година пред наша ера.

„Истетовираните симболи се навистина неверојатни“, вели Дниел Антоан, еден од главните археолози на проектот за истражување на египетски мумии.

Антоан појасни дека истетовираните животни на машката мумија, особено бикот, веројатно асоцираат статус, моќ и полова зрелост на личноста. Бикот и берберската овца биле често застапени симболи во уметноста на древен Египет. Од друга страна, симболот „S“, истетовиран на женската мумија, најмногу е користен како декорација на керамиката од тој период.

Според проценките на археолозите, истетовираните мумии живееле помеѓу 3351 и 3017 година пред нашата ера, односно пред да почнат да се користат египетските хиероглифи. Поради тоа е тешко да се процени точното значење на истетовираните симболи.

Истражувањето сугерира дека процесот на тетовирање во древен Египет бил сличен на оној денешниот. Со помош на игла, под кожата се вметнувале елементи базирани на јаглерод, веројатно чад.